
Од УХМР информираат дека утре претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе преовладува стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст, соопштија од УХМР.
По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег, се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот.