
УХМР во најновата прогноза за времето до вторник предвидува дека ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините.Температурите ќе се движат од -2 минималната до 17 степени максималната.
По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела. Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла.