Skip to main content
Македонија

УХМР со најнова прогноза за цела недела – во најава голем пресврт

28/10/2025  11:53

Времето утре претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.

Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.