Skip to main content
Македонија

УХМР со најава: Променливо облачно со врнежи од дожд и силен ветер од 70 км/ч

25/03/2025  12:08

Под влијание на циклонска активност до крајот на месецот времето ќе биде пороменливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 л/м2).

Во Скопје, до крајот на месецов времето ќе бидепроменливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.