Skip to main content
Македонија

УХМР со детална прогноза: Подгответе се за дожд, па затоплување

20/10/2025  17:23

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопшти УХМР.

Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.

Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.