
Раководството на УЕФА планира до 30 јуни да го разјасни учеството на Кристал Палас во Лигата на Европа, пишува „Дејли мејл“.

Постои голема веројатност или самиот клуб или другите страни засегнати, пресудата да ја оспорат пред Судот за спортска арбитража.
Така, на исклучувањето од Лига Европа може да се жали мнозинскиот сопственик на Кристал Палас, Џон Текстор, кој поседува и контролен пакет акции во Лион, уште еден учесник во Лига Европа. Според правилата на УЕФА, еден инвеститор не може да контролира повеќе од еден клуб во европските натпреварувања.
Доколку лондонскиот клуб биде примен, жалби можат да поднесат Нотингем Форест и Брајтон, кои доколку биде исклучен Кристал Палас, можат да учествуваат во Лига Европа, односно во Конференциската лига.
Кристал Палас обезбеди пласман во Лига Европа по освојувањето на ФА Купот.