Skip to main content
Хроника

Удрил со трактор во „бмв“, па на бегање се забил во бандера

21/02/2025  16:51

Вчера во 19.45 часот во с.Липец, виничко, полицијата го приведе 60-годишниот Б.Ѓ. од село Липец. Тој половина час претходно околу 19.15 часот во селото, управувајќи трактор , оштетил патничко возило „бмв“ и го напуштил местото, по што удрил во бандера, а потоа агресивно се однесувал и упатувал закани на соопственикот на возилото Д.С. и неговиот брат С.С..

Од МВР велат дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.