Skip to main content
Македонија

Учество на министерот Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025

03/12/2025  21:22

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Виена, Австрија. Во рамки на посетата, тој ќе учествува на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025, со кој претседава Финска.

ОБСЕ е организација препознатлива по својот сеопфатен концепт за безбедност, што политичко-воени прашања, како и такви човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Министерот ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.

Покрај учеството на Министерскиот совет, агендата на министерот при посетата на Виена вклучува и учество на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан”, во организација на австриското Министерство за надворешни работи. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

За рамките на посетата на Виена, министерот Муцунски ќе оствари средба и со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка.

Предвидено е министерот Муцунски да оствари и серија билатерални средби и разговори.