
Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница „Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените, пренесе Маркукуле.
Ученикот од прилепската болница, итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.
Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.
Според информациите на Канал 5 несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.