Skip to main content
Хроника

Ученички скоро четири години малтретирале соученичка во беровско иако мајката пријавувала во школото

16/05/2025  13:41

МВР информира за врсничко нсилство во училиште во беровско.

-На 15.05.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Берово, Д.Т.(48) од село Русиново, беровско, пријавила дека во периодот од 2021 година до денеска, во основното училиште во кое учи во селото, две соученички во повеќе наврати физички ја напаѓале, ја полевале со вода и упатувале закани на нејзината малолетна ќерка.

Според пријавеното, настаните биле пријавувани кај одговорните во училиштето. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Штип