
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М. (28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” и „тешки дела против општата сигурност” во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност”. Исто така, пријавени се и Б.Б. (39), А.Д. (34) и Б.А. (30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
Кривична пријава е поднесена и против Н.Д. (22) и А.Д. (23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство” во врска со кривичното дело „убиство”, како и против Н.Г. (39) и К.Т. (28), исто така од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело”.
Инцидентот се случил на 10 февруари 2025 година во Скопје, на паркинг простор во Чаир. Причината за настанот била претходно недоразбирање во сообраќајот, по што настанала расправија помеѓу учесниците во инцидентот. Расправијата прераснала во вооружена престрелка, при што Н.М. (31), со пиштол, испукал неколку проектили, погодувајќи ги Н.Д. и Х.Б. (35). Од здобиените повреди, Х.Б. починал на местото на настанот.
По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот бил ранет, а неколку паркирани возила биле оштетени од куршумите. Потоа, второпријавениот заедно со друго лице го однел починатиот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата.
По пријавувањето на настанот и преземањето мерки од страна на полицијата, учесниците во инцидентот биле лишени од слобода. По целосно документирање на настанот, поднесена е кривичната пријава.