
Едно лице, родено во 1982 година, е убиено во тепачка што се случила утринава пред казино во Кавадарци.
Информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
– Точно е, имаше убиство при тепачка пред казино утринава. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот – изјави докторот.
Полицијата работи на расветлување на случајот.