
Убиен е шефот на иранската разузнавачка служба во нападите на САД и Израел врз Иран.
„Генерал Голамреза Резајан, шеф на националното полициско разузнавање, е убиен по вчерашните непријателски напади“, објави новинската агенција Фарс (Fars), заедно со други медиуми.
Иранската телевизија претходно соопшти дека во нападите е убиен и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави.
Официјалната иранска новинска агенција ИРНА пренесе дека Али Шамкани, висок политички функционер на врховниот водач Али Хамнеи и секретар на иранскиот Совет за одбрана исто така е убиен во американско-израелските напади врз Техеран.
Главниот командант на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Пакпур, исто така е убиен.


