
Денес во 02.00 часот по полноќ полицијата го уапсила 36-годишниот Ј.Т. од Турција затоа што половина час претходно бил забележан како со возило „нисан кашкаи“ со скопски таблички превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија.
„При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско. По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка“, велат од МВР.