
На 12.07.2025 во 14.00 часот на улица „Браќа Миладинови” во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Љ.Т.(64) од Тетово. При вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило „фиат пунто” со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, но Љ.Т. одбил. Поради тоа Љ.Т., е однесен во Клиничката болница Тетово, за утврдување на нивото на алкохол во крвта, а потоа е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

На 13.07.2025 во 03.00 часот на улица „Светозар Пепоски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.Т.(44) од Гостивар, кој управувал патничко возило „фолксваген лупо” со гостиварски регистерски таблици, под дејство на алкохол, однсоно му биле измерени 2.08% промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.