Skip to main content
Македонија

Уапсени полициски службеници од Кочани за трагедијата во “Пулс”

12/06/2025  21:03

Како дел од истрагата за трагедијата во ПУЛС на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес се приведени уште неколку полициски службеници, ексклузивно дознава Инфомакс.

Како што дознаваат приведени се Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).

Неофицијално приведени се и други лица, за што детали ќе можете да прочитате подоцна.

Во несреќата која се случи на 16 март 2025 година во кочанската нелегална дискотека ПУЛС животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Загинатите се претежно млади луѓе, а неколкумина од нив беа и малолетници.