Skip to main content
Хроника

Уапсени крадци во Скопје, расчистени три кривични дела

30/05/2025  12:14

На 29.05.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.А. (20) од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на 06.05.2025 во угостителски објект во Скопје, на подрачје на Центар, од каде одзел повеќе предмети.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Скопје ќе поднесе соодветни пријави и против С.К. (42) од Скопје поради сторени кривични дела „кражба“ и „одземање на моторно возило“.

Во службен разговор во полициска станица тој признал дека на 18.05.2025 одзел возило „голф“, сопственост на Н.Д. од Скопје, а од објект во градба, сопственост на М.Ј., на 26.04.2025 одзел предмети.