Skip to main content
Хроника

Уапсени две лица од Кичево, возеле пијани

27/04/2025  15:39

На 26.04.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис. При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

Претходно, во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Г.Ј.(28) од Кичево, кој, при сообраќајна контрола на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, бил затекнат при управување моторно возило „бмв“ со 1,65 промили алкохол во крвта.

Двајцата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.