
На 15.06.2025 во 18.20 и 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто”, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.

Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв”, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.