Skip to main content
Хроника

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

18/03/2026  21:24

Полициски службеници од ОВР Струга ноќеска во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга,  ги лишиле од слобода Ј.М(31) од Скопје и С.К.(30) од Охрид.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С.(52) од Охрид и му одзеле пари и накит.

-В.М.(41) од Охрид успеала да го заштити А.К.С. и откако двајцата влегле во нејзиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што А.К.С. забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит, информираа од МВР.

Осомничените Ј.М. и С.К. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.