Skip to main content
Хроника

Уапсени двајца Бугари на „Табановце“, еве што им пронајде полицијата

17/06/2025  13:36

На 16.06.2025 во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.И.(22) и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.