
Лишени од слобода се четири лица осомничени за подметнување пожар на возило ,,ланд ровер” во Струмица.
На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица .
На 22.02.2026, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г., при што во домот на Р.П. се пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. е пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, а во домот на К.Г. се пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на кривичното дело.
За преземените мерки е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на настаните следува соодветна пријава.


