Skip to main content
Хроника

Уапсени 16 возачи за несоодветно возење

01/04/2026  17:24

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар.

Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола.

По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по еден возач во Куманово и Охрид управувале возило со активна забрана за управување патничко возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.