
Турската полиција приведе 105 лица осомничени за вмешаност во активностите на терористичката група „Исламска држава“, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја во објава на Икс.
Акцијата е спроведена во 23 окрузи во Турција, а уапсените се осомничени и за финансирање терористичка организација и пропаганда во корист на групата на социјалните мрежи.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја вклучи Исламската држава на листата на терористички организации.
Оттогаш, земјата постојано е мета на групата, со најмалку десет самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, а стотици други се ранети.