Skip to main content
Хроника

Уапсена жена од Скопје: Агресивно се однесувала кон полицајци кои вршеле службени дејствија

18/06/2025  13:00

Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.Д. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.