Skip to main content
Хроника

Уапсена гостиварчанка, украла злато од сестра ѝ

05/04/2025  11:57

Вчера попладне на улица Борче Јованоски во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Х.Ч.

MK Summit

Таа се сомничи дека кон крајот на минатиот месец, извршила кривично дело тешка кражба и од нејзината сестра украла златна алка. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.