Skip to main content
Хроника

Уапсен жител на Тирана, се обидел да прошверцува 412 литри гориво од Македонија во Албанија

14/05/2025  13:59

Албанската гранична полиција привела жител на Тирана, при обид да шверцува 412 литри гориво, од Македонија во Албанија пренесува „ТВ21“

Тие го фатиле на граничниот премин „Блато“ на албанско – македонската граница, кај Дебар.

„Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор, при контрола на возилото „Мерцедес Бенц“, откри 17 канистери наполнети со 412 литри бензин и дизел, кои П.Ч.(54) жител на Тирана се обидувал да ги внесе во нашата земја, без да ги пријави. Горивото е запленето како материјален доказ, заедно со возилото, додека неговиот возач, е лишен од слобода. Тој ќе одговара за кривично дело „Криумчарење стока што подлежи на акциза“, стои во полициското соопштение.