Синоќа во 22.05 часот на улица ,,Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(32) од Тетово.
Тој, управувајќи патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово не застанал на даден знак за запирање на полициски службеници.
Возилото било запрено на улица ,,Радован Цониќ“, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и се дал во бегство.
Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.