Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

16/06/2025  11:49

На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров”, тој со патничко возило „субару”, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје. 

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било  констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило” и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност”.