Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец со дрога, нелегално оружје и муниција

20/01/2025  16:04

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т. (30) од Скопје поради основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 14 јануари 2025 година, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла и одзела пиштол „Зораки M906“ калибар 7,65 мм со една рамка, 25 куршуми со калибар 7,65 мм, 69.500 денари во готовина, поголема количина марихуана, кокаин, 62 таблети МДМА и канабис.

Против А.Т. ќе биде поведена кривична постапка, а полицијата продолжува со истраги за спречување на трговијата со дрога и нелегално оружје.