Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец откако измамил жена за 3000 денари, се претставил дека е полицаец и роднина на повредено лице од Кочани

01/04/2025  11:55

Синоќа во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полицијата го уапсила 46-годишниот Б.Т. од Гевгелија откако бил пријавен од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3000 денари.

Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината. Ккао што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.