Skip to main content
Хроника

Уапсен скопјанец – им се заканувал на сопругата и синот

23/02/2025  16:37

55-годишен жител на скопско е уапсен рано утрово, откако неговата сопруга и синот пријавиле дека им се заканувал, соопшти МВР.

„Денеска (23.02.2025) во 03.20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(55) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на својата 50-годишна сопруга и нивниот син С.И.. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата