
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.П.(19) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда” по член 258 од Кривичниот законик. По преземени посебни истражни мерки, реализирани од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за општ и насилен криминал во МВР, констатирано е дека пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 04.08.2025 до 12.08.2025 на едно лице од Охрид, преку мобилна апликација му испраќал пораки со заканувачка содржина, барајќи му 20.000 евра.
При преземањето мерки во врска со пријавата, на Л.П. му се дадени обележани пари, кои се најдени кај него, по што е фатен и лишен од слобода. Нему му е одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.