
Уапсен е Питер Манделсон, поранешниот британски амбасадор во САД, под сомнение за злоупотреба на јавна функција откако се откри дека имал блиски врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин.
На 72-годишниот Менделсон во септември минатата година беше разрешен од амбасадорската функција, кога се открија неговите блиски врски со Епстин.
Полицијата претходно овој месец почна казнена истрага против Менделсон откако владата на премиерот Кир Стармер проследи комуникација помеѓу поранешниот амбасадор и сексуалниот предатор.
Електронската пошта помеѓу Манделсон и Епстин, објавена кон крајот на јануари од страна на американското Министерство за правда, покажа дека двајцата имале поблизок однос отколку што беше јавно познато, при што Манделсон споделувал информации со Епстин, кога тој беше министер во владата на поранешниот премиер Гордон Браун.
Манделсон, кој овој месец поднесе оставка од Лабуристичката партија и ја напушти својата позиција во горниот дом на парламентот, претходно изјави дека „многу длабоко“ жали за својата поврзаност со Епстин.

