Skip to main content
Хроника

Уапсен педофил од радовишко, силувал малолетно девојче

24/01/2025  18:21

Вчера во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица го уапсиле 24-годишниот М.Е. од село Прналија поради силување на малолетничка.

„Се сомничи дека на 22.01.2025 во валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.