Skip to main content
Хроника

Уапсен охриѓанец, подолго време и се заканувал на 38-годишна жена

16/01/2026  14:57

На 15.01.2026 во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.