Skip to main content
Хроника

Уапсен млад возач од Штип, возел со двојно повеќе од ограничувањето

21/07/2025  10:37

Вчера во 13.55 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода И.Г.(21) од Штип. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирале дека И.Г. управувал патничко возило „пасат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 102 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.