Skip to main content
Хроника

Уапсен Македонец баран со европска потерница за убиство во Германија

28/05/2025  16:22

34-годишен македонски државјанин, за кој имало распишана европска потерница, е уапсен синоќа на граничниот премин „Евзони“ при обид да влезе во Грција, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Германските власти го бараат како осомничен за грабеж и убиство на 81-годишен маж, сторено во февруари годинава во сојузната покраина Хесен.

Според германските документи, осомничениот, заедно со свои сонародници, престојувал во соба издадена од жртвата. Убиството било извршено на 9 февруари – жртвата била врзана, со затворена уста, а потоа ограбена. Смртта настапила поради задушување.

Грчката полиција го привела осомничениот, кој ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун за да започне постапката за екстрадиција во Германија.