На граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата полицијата вчера уапсила 45-годишен косовски државјанин кој се обидел да влезе во државата со возило „хјундаи тусон“ со швајцарски таблици за кое Интерпол имало испишано меѓународна потерница.
-На 29.12.2024 во 17.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(45) од Косово, затоа што при проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „хјундаи тусон” со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, било барано од Интерпол – соопшти МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.