Skip to main content
Балкан

Уапсен градоначалникот на Тирана

10/02/2025  17:13

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по налог на Специјалното јавно обвинителство, јавуваат албанските медиуми.

Специјалното обвинителство за Велиај водеше истраги за повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.

Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку претреси во деловните простории на сопругата на Велиај, Ајола Ксоса и неговиот брат Арби Велиај.