Skip to main content
Хроника

Уапсен гостиварец, возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес

30/03/2026  15:40

Полицијата уапси 40 годишен гостиварец кој возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес.

Според информациите на МВР, вчера 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.