
Финансиска полиција го уапси Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола и конзул на Белорусија во Македонија. Финансиска полиција во акцијата уапсила и директори на енергетскиот комбинат РЕК Битола.

Компанијата стана најпозната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.
Неофицијално, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет.
Извор: Фокус