Skip to main content
Хроника

Уапсен е гостиварец за кражба на гулаби

27/01/2025  12:47

МВР информира дека вчера попладне во 14.50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле слобода Ј.Џ.(43) од Гостивар поради основано сомнение дека на претходниот ден извршил „тешка кражба“, при што од А.Б.(40) од Гостивар одзел гулаби.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.