
Вчера во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола. Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од Казнениот законик, информираа од МВР.
Лицето е спроведено во Казнено- поправниот дом „Затвор Прилеп.