СВР Охрид соопшти дека на 2 јануари годинава, во 21 часот, на улицата „Питу Гули” во Охрид, лишен од слобода е Н.А.(39) од Битола.
„Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје” од каде претходно избегал“, соопшти СВР Охрид.
Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во Охрид.