
Уапсен повозрасен скопјанец, бидејчи бил агресивен кон полицајци на должност.
– На 11.03.2025 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Г.(74) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, стои во денешниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.