Skip to main content
Хроника

Уапсен 56-годишник од Дебар поради предизвикување пожар

26/08/2025  10:13

Приведено лице во Дебар поради предизвикување пожар.

Како што информираат од МВР, вчера (25.08.2025) во 11:35 во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Ј.Д.(56) од Дебар. Постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:45 часот предизвикал пожар на сува и грмушки на нива на место викано „Будулец“ во Дебар.

Повредени лица нема, а Ј.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.