
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Блаце, скопско откако со патничко возило „фолксваген венто со скопски таблички во 12:15 часот удрил во пешак – малолетничка од с.Чучер Сандево.
„Во незгодата, малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. При вршење на увидот било констатирано дека во возилото превезувал огревно дрво без документација, кое било одземено“, се вели во полицискиот билтен.
Бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.