Вчера во 17.00 часот во Куманово, полицијата го уапсила 44-годишниот Д.С. од Куманово.
Тој бил пријавен дека дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и оштетил дел од покуќнината.
Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.