Skip to main content
Хроника

Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба

09/02/2025  13:56

На 08.02.2025 во 08.45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш.

Тој се сомничи дека околу 02.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш.

Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по негово документирање против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.